Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>20 мај 1957 година

Volvo каков не паметиме

» Беше сензација кога Volvo во 1954 година претстави отворен спортски автомобил со две седишта со каросерија направена од полиестер засилен со фиберглас. Со ознака P1900 Sport, тој започна да се произведува во 1956 година и по многу проблеми го заврши својот животен век на денешен ден 1957 година, по 68 направени примероци, плус 5 прототипи. Првичната идеја беше овој автомобил да биде само за извоз бидејќи кабриолетите не се сметаа соодветни за шведската клима. Сепак и покрај тоа најголем дел од автомобилите се продадоа на домашниот пазар. Технички се базираше на стандардни компоненти, главно од PV444, но беше поставен на посебна тубуларна рамка. Моторот беше верзија на неговиот 4-цилиндричен 1,4 литарски агрегат кој со двојни карбуратори, различна брегаста оска, поголеми всисни вентили и зголемена компресија развиваше 70 KS.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *